На милијардерот Епштејн му биле скршени неколку вратни пршлени

A

Резултатите од обдукцијата на американскиот милијардер Џефри Еопштејн кој наводно извршил самоубиство во својата ќелија во затворот на Мехнетен, покажуваат дека му биле скрешни неколку втратни пршлени, објави весникот The Washington Post.

Повредите упатуваат на тоа дека се обесил или е задавен, пишува The Washington Post повикувајќи се на неидентификувани извори запознаени со резултатите од обдукцијата.

Апсењето на Епштејн беше доведувано во поврзаност со настаните од 2007/2008 година кои ја возбудија американската јавност. Тогаш милијардерот беше обвинет дека користел услуги на малолетни проститутки. Во 2008 година тој ја призна вината за подведување малолетнички за проституција, и мина во затвор околу 13 месеци.

Неговата смрт следеше ден откако јавно беа објавени стотици страници од судските документи во кои се изнесуваат нови обвиненија против него и неговите богати и славни пријатели и познаници. Во американските медиуми, меѓу другото, се истакнуваше дека Епштајн во минатото добро се познавал со актуелниот републикански претседател Доналд Трамп, но и со поранешниот демократски претседател Бил Клинтон, а според судските наиди и британскиот принц Ендрју, синот на кралицата Елизабета Втора, како и со Лесли Векснер, влијателниот милијардер кој стои зад брендовите „Victoria’s Secret“ и „Bath&Body Works“.. Новите обвиненија доведоа до скандал и оставка на министерот за труд Алекс Акоста. Имено, тој во 2008 година бил обвинилте кој бил ангажиран во случајот на Епштејн и му дозволил да постигне договор за признавање на вината со минимална казна од 13 месеци.

Претходно во неделата американското Федерално биро за истраги (FBI) отвори истрага за тоа како милијардерот Џефри Епштејн можел да се самоубие во ќелијата во затворот на њујоршки Менхетен, каде што го чекаше почетокот на судењето за сексуално злоставување на малолетнички и трговија со сексуално робје.

Главниот државен обвинител Билијам Бар во вторникот побара оставка од надзорникот на сојузниот затвор во Менхетен, кој се смета за еден од најсигурните во САД, и ги осуди „сериозните неправилности“ во затворот. Бар и неколку влијателни американски фунцкионери побараа истрага за смртта на Епштејн.

Има контрадикторни извештаи дали Епштејн бил под 24-часовен надзор по првиот наводен обид за самоубиство. Весникот The New York Times пишува дека бил ставен постојан надзор, но дека мерките биле една седмица пред смртта.

Уште на на 23-ти јули се обидел да изврши самоубиство во затворот на Менхетен и тогаш бил прионајден како лежи „во полусвнесна состојба“. Бидејќи тогаш биле најдени повреди на неговиот врат, властите отвориле истрага за инцидентот кој го третирале како „можен обид за самоубиство или напад“.на 23-ти јули се обидел да изврши самоубиство во затворот на Менхетен и тогаш бил прионајден како лежи „во полусвнесна состојба“. Бидејќи тогаш биле најдени повреди на неговиот врат, властите отвориле истрага за инцидентот кој го третирале како „можен обид за самоубиство или напад“.