Уште еден полицаец, кој одговори на минатогодишниот напад со нервен агенс во британскиот град Солсбери, е потврдено дека бил отруен, соопшти денеска британската полиција.
Поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа отруени со нервниот агенс Новичкок во март 2018 година, во напад за кој западот ја обвинио Москва.
По направените тестирања, полицијата сега соопшти дека еден службеник бил отруен за време на истрагата. Британската полиција денеска соопшти дека тестирањата потврдиле „присуство на нервен агенс“.
Службеникот покажал знаци за време на инцидентот што укажувало на изложеност на многу мала количина Новичкок, се вели во соопштението. Таткото и ќерката Скрипал, како и полицискиот службеник го преживеаја труењето.