Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе сведочи за случајот „Рекет“ откако нејзиниот глас се слушна во објавените разговори меѓу Бојан Јовановски Боки 13 и Орце Камчев.
Поканата која ја добила Јанева е за вторник во 10 часот, потврдија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, пренесува ТВ Сител.
Денеска пак на распит е обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми, кој го води предметот “Поштенска банка” за кој според писмената изјава на Обвинителката Лиле Стефанова, требало да биде затворен по барање на специјалната обвинителка Катица Јанева.
На распит во обвинителството во средата беше и Стефанова, а ден претходно исказ даде и Обвинителката Елизабета Јосифовска.
Вчера пак во својство на сведок во обвинителството беше повикана и шефицата на кабинетот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.