Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните ќе ја урнат оваа власт за да донесат правда

Македонските граѓани, сите ние ја имаме судбината да ја живееме онаа фраза која важеше за некои држави на Балканот од минатото, “секоја држава има своја мафија, само нашата очигледно дека има своја држава”, изјави на прес конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и притоа не исклучи можност од организирање масовни протесни собири.

„Ќе слушнам ,ќе речат случајот Рекет бил наместен случај од опозицијата за рушење на правната држава, чисто фијаско од одбрана, приказна за мали деца во која ни тие самите не веруваат, а голем дел велат комичен настап, во случај кога сите го напуштаат бродот на власта која катадневно тоне. И треба да знаат дека немаме правна држава, зошто тие ја убија и погребаа. А да имавме немаше Катица Јанева да биде на слобода, а главата на октоподот наместо со лисици на рацете да се заканува врз новинари и забошотува скандали“, реле Мицкоски.

Според него навреда на интелегенцијата на народот е кога скапо платените со државни пари ПР советници го советувале оној кој е глава на октоподот, да излезе и да даде скандалозна изјава, со насока “шефе колку повеќе дехидрирате од критика на вашите доскорешни пријатели, а богами и пулени, толку повеќе ќе си ја отргнете вината за вашето замешателство во работите”.

„Заборавиле дека народот не е со кратко помнење и народот ги знае сите лица и маски на Заев. Ја знае онаа кога со скрстени раце на срцето и со блага насмевка се колне во жицата во најмилото дека нема да го смени името.“

Мицкоски потенцираше дека народот ја знае и онаа маска кога Заев е преполн со верба во европските вредности, бидејки тој ќе ја донел Европа во Македонија.

„Народот го знае и она вистинско лице на Заев како бара мито, како пазарџиски полетно договара поткуп за Вартоломеј, и она негово сурово но искрено лице, на разгневен деспот кому сите гемии му се потонати бидејќи вистините излегуваат на виделина“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

За Мицкоски падот на актуелната влас предводена од СДСМ е само прашање на време.

„Падот на власта не е прашање дали ќе се случи туку кога. Едноставно дојдовме до степен кога не постои ниту тронка надеж дека било што ќе се подобри. Затоа се знае, народот ќе каже доста е на наредните предвремени парламентарни избори. И за таквиот пад нема да помогнат ниту аберите од некои кругови на власта за да се прогледало низ прсти за некои случаи, или пак оние сведоштва првиот крадеше повеќе, ниту пак оние обиди за инсталирање на некаква послушна опозиција. ВМРО заедно со народот и секој слободномислечки Македонец ќе ја сруши оваа власт и ќе донесе правда“, истакна Мицкоски.

Порача дека ги слуша сугестиите кои доаѓаат од македонските граѓани за пожесток однос кон власта и притоа не исклучи масовни протестни собири.

-И не сакам да звучам отсутно, и ќе кажам дека ги слушам сите ние кои говорат ајде пожестоко, на улица, бунт против оваа власт. Голем дел од овие луѓе ја сакаат Македонија. Ги разбирам, и знам дека не им е сеедно и дека срцето им се кине исто како моето, кога во сопствената земја својата држава ја гледаат окупирана од неодговорна и неспособна власт и како им се одзема иднината која е нивно право. Но јас ќе им порачам дека им ветив битка до последниот здив, и стојам на тоа. Но дека им ветив победа. ВМРО започна со рушење на оваа неодговорна власт кое секогаш и не е изразено преку протести и собири кои ги имавме и во зимата и преку минатото лето, а не исклучам и дека пак ќе ги имаме, уште пожестоко и уште помасовно. И тоа рушење кое реков дека веќе е започнато, секој од вас го гледа освен тие што свесно не сакаат да го видат, рече Мицкоски.

Додаде дека „Воедно историјата не учи никогаш да не се избрзува со неподготвени отпори и спротивставувања на силите кои и пркоселе и ја одземале нашата слобода. Воедно следува период кога ќе се одлучува и за Европската Индина, и ВМРО нема да биде алиби за можниот неуспех. Треба да знаеме дека имаме нечесна власт која пак треба да знае Македонија не е пашалак на Заевци, а народот заробеник на нивниот криминал. А народот и ВМРО ќе победат убедливо, зошто таква победа ни треба, за да Македонија ја обновиме од овој криминален ураган на власта. И одговорност, мора да има одговорност. Немам намера за никаков компромис со никој кој се огршил спрема законот без оглед на кого се работи. А тие кои злоупотребиле народни пари, мала ќе им биде земјата да се сокријат“.