Британските функционери ангажирани на продажбата на инсолвентниот произведувач на челик „British Steel“ соопштија во петокот дека добиле „прифатлива“ понуда од инвестицискиот оддел на пензискиот фонд на турските вооружени сили.
„Примени се неколку понуди за British Steel, а според потпишаниот договор меѓу Ataer Holdings A.S и службениот ликвидатот повластениот купувач сега ќе види ексклузивни преговори за да ја потврди намерата за преземање на делот од работењето со производството на челил и неговите филијали“, објави ликвидаторот на компанијата.
Според договорот постигнат денеска, „Ataer Holdings A.S“ два месеца ќе има ексклузивни права на анализа на финансиската, правната и деловната состојба во „British Steel“, се појаснува во соопштението. Целосното пренесување на сопственоста се очекува по завршувањето на анализите, во октомври годинава. Компанијата во меѓувреме ќе продолжи да работи и да ги снабдува своите клиенти, додава ликвидаторот.
Објавата на стечајот на „British Steel“ во мај годинава директно загрози околу 4.000 работни места и дополнилно околу 20.000 во синџирот на снабдѕување, спроед процени на економските аналитичари.
Новиот сопственик би бил „Ataer Oyak“, пензискиот фонд на турските вооружени сили, кој исто така поседува голем удел во најголемиот турски произведувач на челик „Erdemir“. Генералниот директор на пензискиот фонд, Сулејман Севас Ердем, оваа нова инвестиција ја нарече „еден од најголемите успеси на турската индустрија на челик“.
„Аквизицијата на British Steel во семејството на Ataer е првиот чекор во идните планови на групацијата. Наш приоритет ќе биде зголемувањето на производствените капацитети и вложувањето во чистото производство на челик во British Steel“, изјави челникот на групацијата рударство и металургија на турскиот концерн, Токер Озчан.