Со договор за јавна набавка ООУ „Јоаким Крчовски” од Крива Паланка преку контакт лицето Игор Велиновски обезбедило адаптација на санитарни јазли за учениците.
Спорно во набавката е што за неколку тоалети училиштето потрошило 80 илјади евра по што логично е прашањето дали во нив се инсталирале златни ВЦ шољи, објавува Expres.mk
Според тендерот предмет на договорот за јавна набавка е: Адаптација на санитарии во ООУ„Јоаким Крчовски“-Кр.Паланка а во подеталниот опис на предметот на договорот за јавна набавка стои:Адаптација и реконструкција на санитарии во ООУ“Јоаким Крчовски“-Кр.Паланка.
Во продолжение други детали за тендерот кој ни донесе најскапи тоалети во едно македонско училиште:
Број на добиени понуди: 4
Највисока добиена понуда:6.555.284,00
Најниска добиена понуда:4.149.677,00
Име на носителот на набавката: Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги БЕЛЕШКОВ-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Крива Паланка
Адреса на носителот на набавката: ЈАНЕ ЈАКИМОВСКИ 11
Град или населено место: КРИВА ПАЛАНКА
Држава: Република Македонија
IV.3.1) Проценета вредност на договорот или рамковната спогодба:4.158.888,00
IV.3.2) Вредност на склучениот договор без вклучен ДДВ4.149.677,00
IV.3.3) ДДВ: 746.942,00
IV.3.4) Вредност на склучениот договор со вклучен ДДВ:4.896.619,00
IV.5) Датум на доставување до Биро за јавни набавки: 02.07.2019
Истата фирма која ги реновирала најскапите тоалети во јавна установа неодамна доби тендер за ограда на подрачно училиште во планинско село во Крива Паланка.
За оградата на објект во кој учат 4 деца потрошени се 35 илјади евр