Џеко го продолжи договорот со Рома за уште три години

Един Џеко го продолжи договорот со Рома до летото 2022 година, објави италијанскиот клуб.

Треисет и тригодишниот босански репрезентативец игра за „Волчицата“ од 2015 година, откако запиша 87 голови и 38 асистенции во 179 официјални средби во текот на четири сезони со тимот.

„Во последните неколку седмици сфатив колку овој клуб сака да останам. Моите разговори со раководството, работата што ја работиме со тренерот, моите односи со соиграчите и љубовта на навивачите ме направи уште еднаш да се потсетам што научив во текот на последните четири години – дека Рома е мој дом. Имаме сè што е потребно за да освоиме нешто овде и јас сум среќен што можам да останам подолго“, рече Џеко.

Интерес за напаѓачот имаше од Интер, кој беше подготвен да плати 18 милиони евра за да го привлече.