Кочишки: Катастрофални бројки во земјоделието

Додека сточарите едвај врзуваат крај со крај и се мислат како ќе го поминат месецот нареден што доаѓа, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот на агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството Никола Бабовски прават набавка на приплоден добиток за млечни раси.

Сево ова се случува во време кога откупната цена на млекото во Република Македонија е на најниско можно ниво од само 12,13 денари за литар сирово млеко, а субвенциите кои повеќе од една ипол година не се исплатени ни ја отсликувааат реалната слика за млекопроизводителите.

Само во пелагонискиот регион бројките се повеќе од катастрофални. Пример во 2014 година бројот на млекопроизводители бил над 1700, додека во 2019 година само 750 евидентирани млекопроизводители, со тенденција на намалување до целосно изумирање на оваа гранка.

За ситуацијата дополнително да се искомплицира со заразната болест Антракс која зема замав во нашите подрачја Агенцијата за храна и ветеринарство молчи и не ги информира граѓаните за болеста која е пред нашите врати.

Господа од ненародната власт време е да преземете одговорност за се она што се случува во земјоделството а тоа е неотповиклива оставка час поскоро. Напиша на Фејсбук Иле Кочишки.