
Пожарот кај населбата Пинтија е изгаснат, информираа утринава од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.
Пожарот избувна вчера околу 11:30 часот во шумскиот реон над Пинтија и зафати поголема површина мешана шума.
Во гаснењето на огнот беа вклучени и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување кои направија два прелети и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Беше вклучен и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски со претставници од Општината и месното население.