Нарцизмот е особина на личноста, која се одлукува со преувеличување на претставата за сопствената вредност и желбата другите да ја препознаат таа супериорност.
Во екстремни случаи тоа е психијатриска дијагноза, но повеќето од нас се на скалата на „секојдневниот нарцизам“.
Интензитетот на нечија нарцисоидност зависи подеднакво од гените и од други фактори, од кои најважно е воспитувањето.
Минатата година истражувачите Еди Брумелан од Универзитетот во Амстердам и Бред Бушман од Универзитетот во Охајо изјавија дека нарцизмот го поттикнуваат родителите кои веруваат дека нивното дете е подобро и дека има поголеми права од другите деца.
Како родителите создаваат нарцисоидни деца
– Родителите кои преценуваат, премногу бараат и пречесто ги наградуваат квалитетите на своето дете. На пример ја преценуваат интелегенцијата на своите деца, тврдат дека нивните деца знаат различни работи, иако всушност не ги знаат и ги опсипуваат со награди, дури и кога тоа не е добро. Таквите родители често знаат да го издвојат своето дете од околината, давајќи му необично име, изјави Брумелан.
Жан Твенџ, психолог од Универзитетот во Сан Диего говори за тоа дека „движењето за самодоверба“, кое почна во ’80-те години од минатиот век во Калифорнија е дел од причината поради која има се повеќе нарцисоидни личности во општеството, имајќи предвид дека токму тоа ги охрабрувало родителите да им зборуваат на нивните деца дека се посебни, но за возврат го поттикнале нарцизмот.
Брумелан верува дека кога децата се преценти тие интернализираат „нездрави чувства на супериорност“, што е суштината на нарцизмот.
Наместо тоа, тој верува дека родителите би требало кај децата да ја развиваат самодовербата или „здравото чувство за сопствената вредност“.
За да успеат во ова Брумелан смета дека родителите би требало да се фокусираат да бидат „топли“.
– Кога детето се чувствува сакано и згрижено, тоа може да го интернализира уверувањето дека е вредна личност, што е суштината на самодовербата, додава тој.
Твенџ смета дека најлесен начин за градење на самодовербата, наместо нарцизмот кај децата е повторување на зборивите „те сакам“, наместо „ти си посебен.