
Сириското министерство за надворешни работи соопшти во понедленикот дека турските оклопни транспортери ја минале меѓудржавната граница и влегле во пограничниот град Саракиб.
Државниот телевизиски канал Syria TV во својот извештај прецизира дека турската воен техника се движи кон градот Хан-Шејхун во покраината Идлиб, каде што се водат борби меѓу силите на претседателот Башар ал-Асад и радикалните милитанти. Претходно беше објавено дека сириската војска ја преземала контролата на контролниот пункт во северозападните предградијана Хан-Шејкун, а оти опколениот град е под контрола на бунтовниците.
Овој дел од Идлиб е последното упориште на теросристиет во Сирија. Покрај вооружената сириска опозиција, во покраината активна е и џихадистичката групација Џебхат ан-Нусра. Инаку од 2-ри август во Идлиб на сила е прекинот на огнот, постигна по преговорите за деескалација на судирите во регионот, кои се водеа во Казахстан.
Командата на сириската армија соопшти дека ги запира дејствијата, при услови и Турција да ги исполни своите обврски од ткн Договор од Сочи, во кој партиципираат и Русија и Иран. Станува збор за документ кој во септември 2018 година го потшишаа Москва и Анкара, а неговата главна точка беше повлекувањето на тешкото и средно оружје на милитантите на 20 километри од демилитаризираната зона. Турција, според договорот, требаше да ја гарантира безбедноста при повлекувањето.
На почетокот од овој август сириската армија ја обнови операциајта поради непочитувањето на договорите од страна на милитантите, кои користејќи го затишјето се обидоа да ги нападнат позициите на сириските трупи на северот од покраината Хама и повеќепати ракетираа цивилни цели.