Скопјанец во критична состојба на Инфективната клиника

Сè уште е критична здравствената состојба на 66-годишниот маж од Скопје кај кого беше потврдена западнонилска треска, пренесува Канал 5.

Од Инфективната клиника објаснуваат дека дополнително состојба се отежнува поради претходните здравствени проблеми што ги имал човекот.

Човекот не ја напуштил земјата, бил на одмор во Македонија. Епидемилозите велат дека во рој на комарци може да има еден комарец кој се заразил со треска и да го пренесе. Но најмногу зависи каква е здравствената состојба на човекот.

Од клиниката за Инфективни болести велат дека досега нема најава ниту потврда за нови случаи со нилска треска.