Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот зборувал за „претпазлив оптимизам“ кога станува збор за кризаѕа на југоистокот на Украина, откако имаше контакти со новиот украински претседателл Владимир Зеленски.
Во текот на прес-конференцијата пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, рускиот челник Владимир Путин изјави дека ќе „разговара со Макрон за своите контакти со новиот украински претседател. Има нешта за коишто треба да разговараме и кои предизвикуваат претпазлив оптимизам“.
Путин го информирал Макрон за својот телефонски разговор со Зеленски кој ми ја дал основата за споменатиот „претпазлив оптимизам“, но и истакна дека секакво состанок чијашто цел би било решавањето на украинската криза мора да има чувствителни резултати.
Макрон се заложи за четиристраниот самот во текот на „следните седмици“, оценувајќи дека постои „вистинска промена“ во односите меѓу Киев и Москва.
„Ќе мораме да разгледаме, а тоа е и моја желба, нови самит во формат на Нормандската четворка (Украина, Русија, Франција и Германија – з.р.) во текот на следните седмици“, рече Макрон примајќи го Путин во својата летна резиденција во Форт Нрегансон на југоистокот од Франција.
Макрон се заложи и за нова безбедносна архитектура меѓу Европската унија и Русија. И покрај „недоразбирањата последните децении, дебатите во односите со Западот… верувам во европска Русија“, рече шефот на француската држава. „Мораме повторно да создадеме архитектура на безбедност и доверба меѓу ЕУ и Русија“, истакна.
За протестите во Мосвка и Жолтите елеци
Макрон, исто така, побара од својот гостин Москва да се „усогласи со темелните демократски принципи“, и повика на почитување на слободата на говорот и слободни ибори во Руисија. Во Москва се одржуваа спорадични протести на кои Западот им дава големи внимание, поради тоа што иборната комисија соопшти дека некои од кандидатите од сѐ уште несилната опозиција на ги исполнувале условите за настап на изборите.
Путин одговарајуќи му на домаќинот ги поврза споменатите протести во Москва со претстојниот изборен циклус. „Сето тоа е поврзано со изборниот циклус. Во септември годинава, треба да се одржат избори за регионалните власти, вклучителнио и во Москва“, возврати рускиот челник и направи споредба со протестите на француското движење Жолти елеци кои секој викенд од ланскиот ноември протестираат ширум Франција.
Исто така, Путин рече дека се очигледни причините поради кои на редица кандити не им било дозволено да учествуваат на регионалните избори, како и за Московската градска дума.
„Годинава на 57 лица не им беше дозволено да се натпреваруваат на изборите поради очигледни нарушувања на предизборната кампања“, рече Путин на прес-конференцијата. Како една од тие причини, рускиот челник го истакна фалсификувањето на потписите за поддршка за одредени кандидати. Путин истакна дека на минатите избори во 2014 година, поради разни слични причини не им било овоможено кандидирањето на 111 луѓе. Потсети дека има правен начуин за решавање на ова прашање, како правните процедури и истакна дека има случаи кога кандидатите го одбраниле своето право пред судовите и покрај првичните негативно мислења на изборната комисија.
Притоа Путин ги истакна дека виновниците за насилствата и судирите со органите на редот во текот на масовните протести во Москва треба да одговарат пред законот. Потсети дека во јули и август се одржуваа легални протести, но повтори дека никој „ни власта ни опозицијата“ немаат право да ги нарушуваат изборните правила.
Путин, исто така, потсети и на протестите на француските Жолти елеци, иако одговарајќи на новинарско прашање призна дека како гостин е нрпијатно да збпрува за тоа.
„Но затоа што вие го поставувате прашањето морам да одговорам“, рече Путин и потести дека во текот на протестите во Франција загинале 11 лица, а повредени се уште 2.500 граѓани. „Не би сакале случни настани да се случат во руската престолнина. Ќе сториме сѐ што е неопходно за да осигураме дека нашата внатрешнополитичка ситуација ќе се развива строго во рамките на сегашниот закон“, порача рускиот челник.
За Сирија и Иран
Макрон и Путин рекоа и дека ќе разговараат за намалување на тензиите околу Иран, за судирот во Сирија кој трае повеќе од осум години, како и прашањата за контрола на вооружувањето, во врска со истапувањето на САД од неко иод нив.
Путин изјави дека Русија „ја поддржува сириската војска“ во борбата против терористичките закани, откако Макрон се заложи за прекин на огнот во североисточната сириска покраина Идлиб, која е последното упориште на милитантите опозициски групи како и на џихадистичката Џебхат ан-Нусра.
„Ги поддржуваме напорите на сириската војска во елиминирањето на терористичките закани во Идлиб“, рече Путин возвраќајќи на изјавата на Макрон дека е неопходно да има прекин на огнот во Идлиб, каде што сириската армија од почетокот на август ја обнови офанзивата против бунтовниците кои во минатото неколкупати изведоа напади врз сириските трупи но и врз цивилни населби.
„Нужно е навистина да се почитува прекин на огнот за кој одлуката е донесена во Сочи“ минатата година меѓу Русија и Турција како претставници на двете страни, рече Макрон.
Францускиот претседател Макрон потврди и дека ќе ја посети Москва во мај 2020 година, за да земе учество на одбележувањето на 75-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.
„Ќе бидам во Русија покрај претседателот Путин на тој настан“, рече францускиот претседател. „Благодарен сум на Емануел Макрон што ја прифати поканата“, одговори Владимир Путин и појасни дека Русите им придаваат голема важноста на комеморациите особено Втората светска војна коишто челниците од Западот ги избегнуваат.