(ФОТО) Обвинетелката Стефанова снимена со „чашка“, социјалните мрежи се усвитеа

На социјалните мрежи се појави фотографија направена во еден скопски логал на специјалната јавна обвинителкa Лиле Стефанова која го води случајот ,,Империја” од кој осомничени се инволвирани и во скандалот „Peкет“, е снимена со чаша жecток пијалак.

Во една од снимките кои ги објави италијанскиот весник La Verita, шефицата на Специјалната јавна обвинителка (СЈО), Катица Јанева, го охрабрува осомничениот бизнисмет Орце Камчев во случајот „Империја“, да не се поради Стефанова поради тоа што таа била целосно под нејзина контрола.

По избувнувањето на споменатиот скандал, Стефанова во повеќе наврати се огpaди од својата шефица и довчерашна блиска соработничка, Катица Јанева.

Стефанова минатиот вторник во Основното јавно обвинителство пет часа даваше исказ во својстов на сведок во случајот „Рекет“, по што за новинарите не сакаше да даде поединости.

Засега во овој случај осомничени се само Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец. И двајцата добија нов 30-дневен притвор во затворот во Шутка.