
„Вијадукт трејд“ известува дека има промена на режимот на сообраќај поради градежните активности при поставување индуктивни јамки на автопат кои почнаа вчера кај наплатната станица Тетово, патен правец Гостивар – Тетово, во времетраење од 2 дена.
Од вчера се почнати и градежни активности за поставување на електрично осветление на крстосницата Катланово на магистралниот пат А1, делница Петровец – Катланово, кои ќе се одвиваат во период од 30 дена, за што исто така е извршена промена на режимот на сообраќај.
Вчера се почна и со изведување градежни активности на дел од улицата Ѓорче Петров од крстосница со булеварот Кузман Јосифовски – Питу до БС „Макпетрол“, патен правец Скопје – Тетово, во времетраење од 10 дена, за што е извршена промена на режимот на сообраќај (пренасочување по соседните улици, како и автобуските станици на ЈСП).