Убиен грабнувачот на автобусот во Рио

Пилицијата го застрелала мажот кој во вторникот утрото по локално време зема во заложништво патници во автобус во Рио де Жанеиро, а тој подоцна им подлегнал на добиените повреди, соопшти полицискиот портпарол на бразилската метропола.

„Моравме да пукаме за да го неутрализираме грабнувачот и да ги спасиме луѓето во автобусот“, изјавил за телевизиската станица Globo, полицискиот портпарол полковникот Мауро Флиепш, додавајчи дека габнувачот „умре во автобусот“.

Грабнувачот кој во преговорите со полциијата рекол дека е припадник на воената полиција речиси четири часа држеше во заложништво 31 патник на мостот долг 13 километри кој го поврзива Рио де Жанеиро со предградието Нитерој.

Грабнувачот прво ослободи три жени и еден маж, а потоа се закануваше дека ќе го полие автобусот со бензин и ќе го запали. Во операцијата на спасување, никој од патниците не е повреден.

Полицијата преговараше со грабнувачот кога се слушнале истрели, објави репортерот на Globo, што собраните минувачи го поздравиле со апалуз.

Заложничката криза започна околу 5,30 часот по локално време, 11,30 часот по македонско време. Откако ослободи четворица патници, грабнувачот ослободил уште двајца и сите соамбулатни возила биле префрлени на сигурно местои.

Интервенирале голем број полицајци, меѓу кои и елитни снајперисти. Грабнувачот, како што рече портпаролот, имал кај себе лажно оружје.

Засега не се знае кои биле мотивите на грабнувачот, ниту дали поставил некои барања. Исто така, не е објавен ниту неговиот идентитет.