Вооружениот напаѓач кој денеска како заложници држеше 37 луѓе во автобус во Рио де Жанеиро е „неутрализиран“ од полицијата по четиричасовна криза.
Човекот вооружен со пушка и нож држеше заложници од утрото во 5.30 по локално време на мост што го поврзува предградието Сао Гонкало со центарот на Рио.
Во првите часови од преговорите беа ослободени шест заложници.
Дел од локалните медиуми јавија дека киднаперот бил полицаец. Портпарол на полицијата рече дека киднаперот немал посебни барања и дека најверојатно имал психолошки проблеми. зш/