Катица Јанева во секој момент треба да биде спроведена во Кривичен суд

Во секој момент се очекува специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да биде спроведена во Кривичниот суд. Таа од својот дом во Козле попладнево беше спроведена до СЈО, по наредба на обвинителството, од каде ѝ е одземен нејзиниот компјутер. По ова, се очекува да биде изведена пред истражен судија.

Пред малку државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, на прес-конференција информираше дека истрагата за „Рекет“ е проширена и врз специјалната обвинителка Катица Јанева и дека обвинителството бара мерка притвор за неа.

Јанева се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања, како и за против-правно овозможување стекнување материјална корист во случајот „Рекет“.