
Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи за случајот „Рекет“ порача дека работите конечно тргнале во позитивна насока и дека никој не е недопирлив.
„Евентуалната индивидуална одговорност не смее да биде изговор за да се заборави целокупниот криминал кој е сторен и ние да ја запреме нашата борба. Тимот е целосно посветен на таа борба и ние продолжуваме со она што е наша работа, застапување во предметите.” – порача Фатиме Фетаи пред денешното рочиште за случајот Монструм кој го презеде СЈО, а кое беше одложено поради отсуство на судијата Огнен Ставрев.