Анкета: Повеќе од половина од Американците незадоволни од политиката на Трамп

Шест од десет Американци не го одобрува начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп ја извршува својата функција, покажуваат резултатите од  најновата анкета што денеска ја објавија американската новинска агенција Асошиејтед прес и НОРЦ Центарот за истражување на јавните прашања.

Според истражувањето, сепак постои некоја поддршка на економската политика на Трамп, но начинот на кој тој ги решава другите прашања е слабо оценет.

Како што се наведува, само 36 отсто од Американците го одобрува начинот на кој Трамп ја извршува својата работа како претседател, додека 62 отсто не се задоволни.

Истражувањето е спроведено откако се случија инцидентите со пукање во Тексас и Охајо во кои загинаа десетици луѓе и кои ги поттикнаа Американците да бараат реакција од властите.

Во анкетата, спроведена од 16 до 20 август, учествувале 1.055 возрасни граѓани.