
Европскиот и македонски ракометен првак Вардар се засили со познато име во своите редови и се договори за кам-бек на рускиот репрезентативец Глеб Калараш.
Пивотот беше потврден како ново засилување на Мотор Запорожје, но ситуацијата се промени во последен час и Калараш повторно се враќа во Скопје. Ракометарот и Вардар ќе потпишат договор за соработка и Русинот повторно ќе го носи „црвено-црниот“ дрес.
Калараш ќе биде од големо значење за тимот на Вардар, посебно за цврстината во одбраната на европскиот шампион.
28-годишниот Русин двапати веќе играше за Мотор, во 2015/16 и 2016/17, а покрај за Вардар во минатото настапуваше и во Бундеслигата каде го носеше дресот на Магдебург.