Холандскиот кибернетички експерт Арјен Кампхујс, соработник на основачот на разобличувачкиот ресурс WikiLeaks Австралиецот Џулијан Асанж, најверојатно загинал во несреќа со кајак, соопшти во петокот норвешката полиција.
„Полицијата смета дека исчезнатото лице (Кампхујс) најверојатно загинало како резлутат на несреќен случај, на кајакарење на Шерштадсфорд во губернијата Ругаланд на 20-ти август 2018 година“, се наведува во соопштението.
Во вторникот се наврши една година од ис;езнувањето на Холанѓанецот. „Во консултација со пријателите и семејството, сакаме само да кажеме дека навистина Арјен сѐ уште неизмерно ни недостига“, рекол неговиот пријател Ансила ван де Леест за RTL Nieuws.
Од норвешката полиција појаснуваат дека имајќи предвид дека лицето досега сѐ уште не е пронајдено, најверијатно се удавило. Станува збор за една од трите верзии коишто норвешката полицијата ги разгледуваше. Втората беше дека станува збор за убиство, а третата дека Кампхујс исчезнал по своја волја. Последните верзии беа поттикната поради фактот дека мобилниот телефонmна Холанѓанецот имал контакт со радио-мастери во јужна Норвешка, во близина на градот Викеса, десет дена по неговото исчезнување. Неговата СИМ-картичка потоа била отстранета и во уредот била ставена германска СИМ-картичка.
Полицијата подоцна откри дека двајца возачи на камион го пронашле телефонот додека рибареле во норвешките фјордови. Тие мислеле дека мобилниот телефон е фрлен и го замале со себе, потоа возеле до Ставенгер, во југозападна Норвешка. Според норвешката полиција, нема индиции дека камионџиите имале некаква врска со исчезнувањето на Кампхујс.
Кон крајот на август минатата година холандската полиција објави потрага по 47-годишниот кибернетички аналитичар Арјен Кампхујс, чиешто исчезнување го пријавил негов колега. Последен пат вил виден ланскиот 20-ти август во хотел во норвешкиот град Боде, каде што го минувал годишниот одмор од кој во Холандија требало да се врати на 22-ри август. Сведок подоцна изјавил дека наводно го видел Кампхујс во Данска, па во потрагата се вклучија и норвешката и данската полиција. Норвешки рибар подоцна пријави дека пронашол предмети кои му припаѓале на Кампхујс, меѓу нив и документи за идентификација. Подоцна норвешката полиција објави дека го пронашла неговиот склопен кајак.
Холанѓанецот Арјен Кампхујс е експерт за кубернетичка безбедност и бил консултант на WikiLeaks, а исто така работел и со новинската агенција Reuters.