
Во дуелите од второто коло од шпанското фудбалски првенство одиграни во саботата Реал Мадрид дома ремизираше со Вајадолид, а без победник заврши и дуелот меѓу Хетафе и Атлетик Билбао, додека Селта дома мининамлно ја победи Валенсија.
Во првиот натпревар одгиран во саботата Осасуна и Еибар, исто така, ремизирра без голови.
Значаен бод освоија фудбалерите на Вајадолид кои како гости на „Сантијаго Бернабеу“ со домашниот Реал одиграа 1:1 (0:0), а двата гола паднаа во последните десет минути. Поведе „Кралскиот клуб“ преку Карим Бензема во 82 минута, а израмни во 88-та Серхио Гвардиола.
Селта која минатото коло беше потопена од Реал на свој терен со 1:3, во второто коло ја оствари првата победа во сезоната со голот на Габриел Фернандез во 15 минута на асистанција на Дани Суарез. Истиот играч во финишот од дуелот избори најстрога казна, но неговиот удар го одбрани гостинскиот голман Силесен.
Во предградетот на Мадрид двата гола паднаа во првите 12 минути. Во 6 минута Атлетик поведе со голот на Раул Гарсија, а за Хетафе во 12 минута израмни Хаиме Мата.
Во петокот Севилја со 1:0 славеше на гостувањето кај Гранада, а Леванте на домашен терен со 2:1 беше подобар од Виљареал.
Во неделата се играат преостанатите четири натпревари од второто коло, а се среќаваат Алавес – Еспањол, Мајорка – Реал Сосиедад, Леганес Атлетико Мадрид и Барселона – Бетис.
Актуелниот шампион Барселона во саботата ја дозна лошата вест дека и против Бетис ќе настапи без капитенот Лионел Меси, кој сѐ уште не закрепнал од повредата на мускулот на потколеницата, а неизвесно е дали ќе биде подготвен и за третото коло пред паузата за настапите на селекциите.