Лисиче утре без вода

ЈП Водовод и Канализација ги известува своите корисници дека како резултат на изведување на технички зафат на ден 26.08.2019(понеделник) од 7:30 часот до завршување на интервенцијата, водоснабдувањето ќе биде прекинато во целата населба Лисиче.

Имено би сакале да ве информираме дека во тој период ќе бидат инсталирани “затварачи” кои во иднина ќе обезбедат парцијален прекин на водоснабдувањето, односно само во деловите каде евентуално би се појавил дефект.

Со ова ќе се надмине досегашниот проблем за прекин на водоснабдувањетово целиот реон.