Интер и Фиорентина тргнаа по Де Пол

Големите ривали од италијанската Серија А, тимовите на Интер и Фиорентина, ќе се обидат до крајот на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на Удинезе, Родриго Де Пол.

Одличниот играч за врска изјави дека е среќен во Удинезе, но потенцираше и дека сака да игра за тим кој се натпреварува во Лигата на шампиони. Победник во трката по неговиот потпис ќе биде првиот клуб кој ќе испрати официјална понуда не помала од 30 мил. евра.