
Пих бил во локален ресторан во неделата кога му се слошило по што бил хоспитализиран. За кратко, во болницата починал, а точните причини за смртта не се откриваат. Како внук на Фердинанд Порше, основачот на Porsche, тој поседувал 10% од акциите на оваа компанија, а беше и дел од управниот одбор на оваа компанија.
Пих ќе остане запаметен по неговиот ангажман во Volkswagen Групацијата. Тој во 90-те се вработи во оваа Групација, а до 25 април 2015 година беше и прв човек на Групацијата. Токму во под негово “владеење” успеа да го издигне Volkswagen како најголем германски производител и еден од најголемите на глобално ниво.