Владата подготви и план Б ако не се усвои зкаонот за ЈО

Владата има план Б ако не се обезбеди 2/3 мнозинство за законот за јавно обвинителство.Ќе се интервенира во Законот за Совет на јавни обвинители за кој е потребно обично мнозинство. Собранието денеска ја изгласа само потребата по скратена постапка да се донесе Законот за јавно обвинителство со кој се уредува статусот на СЈО. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа.  Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска тврди дека опозицијата  стравува од продолжување на судските постапки кои ги отпочна обвинителството.

ВМРО ДПМНЕ негира дека преговараат  да се сопрат истрагите. Бараат оставка од Дескоска.

Беса и Алијасата на Албанците нема да го подржат законот доколку не нуди гаранции за судска разврска на постапките кои ги поведе СЈО.

ДУИ бара ветинг на сите политчари, судии и обвинители.

За законот за јавно обвинителство ќе се расправа на Комисијата за европски прашања. Дебатата ќе трае два дена. Во овој период се очекува партиите да интервенираат амандмански. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани со кој буџетот на обвинителството да не биде помал од 0,4% како и да се зголеми одговорноста на јавните обвинители за евентуална злоупотреба.Дуи има забелешки на употребата на јазиците и гласањето по Бадентер. Амандмани ќе поднесат и опозициските партии на Албанците.