
Пред неколку часа изјави дека неговиот клиент размислува за промена на клупската средина, а сега, Димитри Селук, агентот на најдобриот фудбалер во дресот на Манчестер Сити, Јаја Туре, изјави дека Барселона е вториот дом на неговиот клиент.
“Јаја ќе биде вистински професионалец без разлика чии дрес го носи и за кој клуб игра. Каде и да играл, Јаја секогаш е меѓу најдобрите фудбалери, ако не и најдобар. Сега не можам да зборам за неговата иднина, за неговиот следен потег. Сигурно откако ќе заврши Мундијалот во Бразил ќе имаме некоја поконкретна информација. Јас знам колку Јаја е сакан во Барселона, колку го сакаат клупските челници, фудбалерите и најверните фанови. Тука, во Манчестер, Јаја е сакан само од најверните фанови, кои добро знаат колку е потребен Јаја. Ако не го добиеме потребното внимание, ние ќе ја прекинеме соработаката со тие луѓе и ќе започнеме нова со некои други луѓе”, изјави Селук.