„Пејпал“ и „Скрил“ веќе се достапни за македоснките граѓани

Електронските сервиси „Пејпал“, „Скрил“ и други веќе се достапни во делот на примање пари и за македоснките граѓани.Оца важи и за фирмите. Народна банка ја измени Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Со ова и македонските граѓани можат да користат алтернативни, небанкарски платежни сервиси.

Досега, во земјава, „Пејпал“ и другите сервиси функционираат само за плаќање.

Со измените се овозможува граѓаните и компаниите да отвораат и да имаат сметки кај сите странски електронски сервиси за платежни трансакции што ќе ги овозможат своите услуги за резидентите од нашата земја. Тие ќе можат овие сметки да ги користат исклучиво за комерцијални цели, односно за купување и/или за продавање стоки и услуги по електронски пат.

Дали и кога граѓаните и компаниите ќе можат да отворат сметка кај одреден електронски сервис и какви услуги ќе можат да користат (дали само за плаќање или и за наплата), одлучува секој од сервисите, при што деловната одлука ја носи врз основа на сопствени анализи и оцени.

Ваквото либерализирање на платниот промет, велат од Народна банка, ќе овозможи полесен начин за пласман на производи и услуги од Македонија на странски пазари. Во изминативе години, македонски граѓани користеа „Пејпал“-услуги преку соседни држави.