Мартин Касерес пристигнал утрово во Фиренца на лекарски преглед после кои треба да потпише за Фиорентина.
Италијанските медиуми јавуваат дека Уругваецот пристигнува во Фиорентино како слободен играч, а со неговиот нов клуб ќе потпише едногодишен договор.
Инаку, Овој 32-годишник има значително искуство во Серија А, со тоа што во досегашната кариера носеше дресови на Јувентус, Лацио и Верона.
Фиорентина беше доста активна ова лето на трансфер пазарот, а меѓу новите имиња на клубот се Ерик Пулгар, Кевин-Принс Боатенг, Далберт и Франк Рибери.