Мицотакис закажа состанок на безбедносните служби поради масовниот прилив на мигранти

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за утре закажа состанок на највисоките функционери за безбедност на Грција, на кој ќе се разговара за масовниот прилив на мигранти од Турција на островите во Егејското Море.

Закажувањето на состанок на владиниот Совет за надворешни работи и одбрана е објавено неколку часа откако грчките власти и хуманитарни групи соопштија дека вчера попладне стотици мигранти пристигнале на островот Лезбос во 13 чамци.