Претседателот на општина Обреновац, Мирослав Чучковиќ изјавил дека е сторено се за одбрана на градот од поплава, со оглед на тоа што не биле предупредени што се подготвува.
„Направивме се’ што можевме, а обвинувањата дека не сум го предупредил на време Обреновац, се неосновани“, рекол Чучковиќ за Б92.
Тој изјавил дека во Обреновац имало таков налет на вода што не било можно да се брани.
„Без предупредувањае од стручните служби, а тоа се РХМЗ, Србијавода, Београд вода и Војводина вода и во соработка со Штабот за вонредни ситуации, јас тоа не можев да го направам. Исто така, предупредувања дека нешто вакво ќе се случи немаше“, вели Чучковиќ.
Тој додал дека во четвртокот вечер сите биле ангажирани на зајакнуваање на насипите и дека меѓу првите кои спасувале луѓе биле токму луѓе од Београд вода кои не знаеле за бранот што доаѓа.