Утре предупредувачки штрајк, наставниците нема да одржуваат настава

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) одлучил утре, на 2 септември, да има предупредувачки штрајк на вработени во образовната дејност. Тоа, според претседателот на СОНК, Јаким Неделков, значи дека членовите на синдикатот и оние што ќе се солидаризираат кон штрајкот нема да прифаќаат ученици, нема да одржуваат настава, ниту ќе реализираат воспитно-образовни активности.

– Кадарот во училиштата ќе се појави на работа и ќе престојува во заедничка просторија, определена од директорот, онолку време колку што е предвидено за активностите тој ден. Од вторник наставниците ќе одржуваат настава, но бараме преговори со Владата за исполнување на нашето барање за покачување на платите на просветните работници за 25 отсто. Ако до крајот на септември не се исполни нашето барање, во октомври ќе излеземе на штрајк“, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.– изјави утрово Неделков.

Министерот за образование Арбер Адеми денеска на прес-конференција во Владата ги повика наставниците и вработените во училиштата утре да почнат со настава и да ги прифатат децата.