(ВИДЕО) Мажот кој уби четири и рани 21 луѓе во Тексас ѝ бил познат на полицијата

Белец во триесеттите години, кој во саботата во Мидленд и Одеса, два града во западниот дел од американската сојузна држава Тексас уби четири лица и рани уште 21, од претходно ѝ бил познат на полицијата.

Напаѓачот бил запрен од полицијата во возило, но тој почнал да пука, ранил полицаец и побегнал, и на патот од едниот до другиот град го напуштил своето возило, украл поштенско комбн и убил четири лица пукајќи неселективно врз полицајците, возачите и минувачите. Убиен е во вооружената пресметка со полицијата пред кино-сала во Одеса.

Властите првично сметале дека станува збор за двајца напаѓачи во две возила, меѓутоа полицискиот началник на Одеса, Мајкл Герке, на прес-конференција ноќта кон неделата рече дека сега веруваат дека напаѓачот бил сам.

Напаѓачот бил на пат од Мидленд кон Одеса кога полицијата малку по 15 часот по локално време го запрела на патот, додаде началникот. Пукал во полицијата и потоа побегнал со возилото кон Одеса, каде се запрел пред продавницата „Hope Depot“ каде отворил оган врз случајните минувачи. Во еден момент украл поштенско комбе и го напуштил своето возило, појасни Герке. Продолжил да вози следен од полицијата пред да се забие во паркирано возило во близина на кино-сала во Одеса, каде во престрелка со полицијатга е убиен.

Полицијата потврди дека напаѓачот од претходно ѝ бил познат на полицијата, но не сакале да шпекулираат за можните мотиви за нападот. Според првите сознанија, напаѓачот бил вооружен со пушка

Од 13 лица кои биле донесени во локалната болница, едно починало, седум се во критична состојба, две се тешко повредени а уште две лица се отпуштени со санирани повреди. Едно повредено дете било однесено во друга болница.