Пилотот и пет патници на возраст од околу 20-ина години загинаа во хеликоптерската несреќа која е случи во саботата во северна Норвешка во близина на градот Алта, соопшти полицијата во неделата коригирајќи го претходниот извештај за четворица мртви, еден повреден и еден исчезнат.
Хеликоптерот се уран во саботата доцна попладнето југозападно од Алта, а во леталото имало пет патници и пилот. Набрзо при пристигнувањето на спасувачите, беа констатирано четири жртви и еден повреден, а едно лице беше пријавено како исчезнато.
„Патникот кој беше упатен во универзитетската болница во Тромски починал од здобиените повреди. Околу 20,40 часот (21,40 часот по македонско време), последното лице од леталото кое се сметаше за исчезнато беше пронајдено мртво во хеликоптерот. Со тоа сите шестмина во леталото загинале“, се наведува во полициското соопштение.
Се наведува и дека во неделата утрото комисијата за истраги на воздухоплвони несреќи ја започнала работата на теренот кој се наоѓа во оддалечена област.
„По падот хеликоптерот се запалил, така што веројатно ќе потрае извесно време да се идентификуваат останките од жртвите“, додава полицијата.
Имињата на загинатите сѐ уште не се соопштени, но пполицијата објави дека петмината од жртвите се млади луѓе на возраст од околу 20 години од Алта кои патувале со хеликоптерот од моделот „Airbus AS350“ на норвешката компанија „Helitrans“ на музички фестувал во Хотспрела. Пилотот, според податоците на полицијата, бил државјанин на Шведска.
Како што пишува во неделата весникот Verdens Gang, катастрофата на леталото се случила на само еден километар од местото на кое се одржувал фестивалот. Организаторите на настанот потврдиле дека гостите на фестивалот биле превезувани до местото со хеликоптери.
Причините за несреќата сѐуште не се познати, а истрагата разгледува разни верзии и испрашува очевидци на трагедијата. Претходно беше објавено дека пилотот на хеликоптерот не сигнализирал дека се појавиле проблеми во текот на полетувањето.