Најмалку 17 загинати во експлозија во Авганистан

Најмалку седумнаесет луѓе ги загубија животите во експлозија во северната авганистанска покраина Кундуз, пренесува во понеделникот агенцијата Khaama Press повикувајќи се на извори во министерството за внатрешни работи.

Претходно телевизијата Tolo News, исто така, повикувајќи се на извори во авганистанската полиција пренесе дека во експлозијата биле убиени шест припадници на специјалните сили. Телевизија 1TV цитира претставник на министерството за внатрешни работи, според кој во нападот се ранети уште 15 цивили и четворица припадници на безбедносните сили.

Засега ниедна група не ја презема одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад изведен околу 15 часот по локално време чија цел била единици на авганистанските сили во предградие на градот Кундуз, кој се случува во периодот додека трае најновиот осми круг од мировните преговори меѓу САД и радикалното исламистичко движење Талибан.

Нападот доаѓа неколку дена откако талибаните го нападнаа градот Кундуз, но беа принудени да се повлечат по борбите со авганистанските безбедносни сили кои траеја речиси 12 часа. Во овој судир загинале 56 талибански борци, според министерството за внатрешни работи. Истовремено, најмалку 20 припадници на безбедносните сили и пет цивили биле убиени