Часовникот кај стара железничка застана на 5 и 17 за време на земјотресот 1963. Мерните станици на Министерство за животна средина и просторно планирање застанаа вчера во 8ч и повеќе не даваат податоци. Застанаа после зачадениот викенд во градов, велат од О2- иницијатива за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна средина.
-Одвратен чад се дишеше четвртокот вечер, петокот, саботата до неделата сабајле во Сарај, Ѓорче, Карпош. Во Карпош мерната станица покажа високи црвени вредности од 141, 114, 85 респективно за PM10.
Од инбокс петокот вечер „Povtorno zacadeno cela okolina smrdi ne se dise i so zatvoreni prozorci ke se ugusime.Pomagajte ve molam“.
Мобилната станица поставена во Ѓорче не покажа ништо, зошто инструментите за PM10 и PM2.5 се калибрираат од јуни, иако беше кажано дека во тек на август заедно со тие од Куманово, Тетово, Битола 2 ќе бидат повторно вклучени во системот. Еве септември стигна и нема никакво поместување. За тие пак што не работат од лани, Гази Баба, Лисиче, Велес, за нив судбината и после повеќе од година дена е матна. Работава: шо ќе ни се? Колапсот на мониторинг системот си е дел од секојдневието. Што да се оправа.
Во Гази Баба ноќта сабота према недела беше исто неиздржлива поради ужасен смрад. Од инбокс ноќта „Dobro vecer, vecerva se ugusivme vo Avtokomanda, vozduhot strasno smrdi, na koj znae sto izgoreno, vaka ne bilo nikogas.“
Вака е секоја година во ова време. Никому ништо работава, нема објава ни зошто, ни од каде, ни што ќе се преземе за да не се повтори. Молк на надлежните ни инспектори и градоначалници.
Градоначалникот на Сарај Blerim Bexheti додуше си кажа дека тој немал информација дека се палат ниви кај него во Сарај, не забележал ништо и неговите инспектори, кои ревносно си ја вршат работата секојдневно на терен, не регистрирале таква појава.
(https://sdk.mk/…/ekoloshkite-inspektori-baraat-politsija-z…/)
Еве специјално за него неколку фотографии викендов. И воедно апел до сите да ни испраќаат фотографии и видеа од познатите Сарајски чадења, за да ни дознае градоначалникот кој кутар ништо не чул, не видел и не помирисал.
Инаку, инспекторите на Град Скопје стравуваат за својот живот и не можат да интервенираат во Сарај оти добиваат закани од населението. Ќе бараат асистенција од МВР. Ова не е ништо ново и од сега, со години е познато дека на инспекторите им е страв да интервенират на многу места во градов, не само Сарај. Се плашат и полицајците. Дали еднашка ќе најдат начин да си ја вршат работата или ќе остане повторно само на констатација дека не можат, останува да видиме. До следно зачадување деновиве, стои на Фејсбук страницата на О2.