
Турист од Србија настрадал вчера на плажата Олимпик Бич кај Паралија, кога го поклопил голем бран, неофицијално дознава Телеграф.рс.
Човекот имал околу 50 години, а се претпоставува дека добил инфаркт додека се наоѓал во вода, по што се изнапил вода. Во помош му дошле и спасувачи, кои 15 минути се обидувале да му го спасат животот, но безуспешно.
Инаку ова е втора смрт на српски турист на плажата Олимпик Бич во последните две недели.
Стефан П. од околината на Пожаревац, на 22 август се удавил во вода и тоа кога сакал само уште еднаш да се искапе пред заминување дома.