Средба Помпео – Сасоли

AppleMark

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот Параламент, Дејвид Сасоли, соопшти американскиот Стејт департмент.

Тоа е прва средба на Помпео со Италијанецот Сасоли, поранешен новинар, кој во јули беше избран за претседател на ЕП.

На средбата се разговарало за начините на кои ЕП и САД можат да работат за продлабочување на Трансатлантската економска и безбедносна соработка, во корист на граѓаните од двете страни на Атлантикот.

Помпео и Сасоли исто така дискутурале за тоа како да се зголеми помошта за Националното Собрание на Венецуела „за овозможување демократска транзиција“ во земјата.

Државниот секретар ја истакнал и потребата од тоа Кина да одговара за флагрантното кршење на човековите права во нејзините северозападни области, се наведува во соопштението.