Од Делчево вчера тргнаа во странство 1.000 граѓани во потрага по работа и подобар живот

Екипата на Инфомакс во текот на вчерашниот ден беше во Делчево каде сними анкета со граѓаните на импровизирана автобуска станица. Само вчера од Делчево заминаа 12 автобуси полни со жители на Делчево коишто не можат да најдат работа во Македонија, па среќата си ја бараат надвор од државава. Делчево во моментов има 1000 жители помалку отколку само пред еден ден.

Тpaopна е целата приказна. На импровизираната автобуска можеше да се забележат мажи кои ги испраќаат своите сопруги, сопруги кои ги испраќаат своите мажи, но и родители кои ги испраќаат своите деца, пишува порталот.

-Одам во Италија на рмбање, во Делчево нема работа, нема живот, невработен сум имам две деца на факултет. Партиски вработуваат и нема работа. Власта не те гледа ако не си близок до него, вели еден од граѓаните коj се реши среќата да си ја побара во Италија.

Само вчера од Дечево заминаа 12 полни автобуси од Македонија.

-12 автобуси денеска ќе одат. По 60 луѓе и 2 автобуси по 90 луѓе. Оваа компанија и плус две има, нека прорачунаат колку луѓе си заминуваат. На господинот Заев кажете му сите бегaaт, бегаат зошто нема пари, зошто кpaдат парите. Каков живот, за нив живот кpиминалци, вели жител на Делчево.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/532734327532452/