
Донеодамнешниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, во четвртокот треба да исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал за случајот „Рекет“.
Вчера во Обвинителството, во својство на лице од кое може да се добијат посебни известувања, исказ даваше пратеничката од СДСМ Фросина Ремеснки, за случајот „Рекет“ и Меѓународниот сојуз каде што таа е почесен претседател.
Кирацовски беше споменуван како близок пријател на Бојан Јовановски „Боки 13“, и по долг молк минатата седмица се одважи да ги повика институциите да го расчистат случајот докрај.
На 26-ти мај, на првата постизборна седница на Централниот одбор на СДСМ, по бројните забелешки од базата која го обвинуваше за малверзации, Кирацоски беше разрешен од позицијата генералени секретар на владејачката партија, кој исто така е пратеник и претседател на собраниската Комисија за политички систем. На негово место веднаш беше поставен тогашниот министер за земјоделство Љупчо Николовски, кој важи за човек од најблиското опкружување на премиерот Зоран Заев.