Маскиран маж првалил во петокот рано утрото во куќата на Ела Памфилова, челничката на руската Централна изборна комисија, и во повеќе наврати ја нападнал со електрошокер, објави рускот министерство за внатрешни работи.
„Маскиран натрапник провалил низ прозорецот во куќа во Истра, во московскиот регион, чија сопственик е Памфилова и повеќепати ја повредил со електро-шокер, а потоа побегнал“, се наведува во соопштението на руското министерство за внатрешни работи.
Според руските медиуми, Памфилова не е сериозно повредена, бидејќи подоцна во Москва таа треба да се појави на прес-конференција. Мотив за грабежот, како што наведуваат медиумите повикувајќи се на полициски извор, засега е грабеж, но оти според првичните сознанија натрапникот не знаел дека куќата е на Памфилова.
Нападот се случи два дена пред одржувањето на регионалните избори, меѓу кои и за главниот град Москва. Изборите за руската престолнина предизвикаа повеќенеделни протести кои и покрај сите настојувања на опозицијата немаа значителен интензитет, откако Централната изборна комисија одбија да го регистрираат кандидатурите на некои опозициските кандидати.
Протестите, како што објаснуваат припадници на опозицијата, се одржуваа поради според нив неправедното исклучување на нивните кандидати од учеството на локалните избори во Москва кои треба да се одржат на 8-ми септември. Московските власти тврдат дека на кандидатите им е оневозможено да учествуваат на изборите, бидејќи не собрале доволно валидни потписи од граѓните за поддршка на нивните кандидатури, што опозицијата го негира.