Предводниците на Ливерпул, Јирген Клоп и на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола, ќе се натпреваруваат за титулата тренер на Премиер лигата за август, објавено е на официјалниот Твитер на Англиското првенство.
Во конкуренција се и тренерите на Лестер, Брендон Роџерс и предводникот на Кристал палас, Рој Хоџсон.
Сепак овие двајца тешко дека ќе успеат да добијат повеќе гласови од Германецот, односно Шпанецот.
Ливерпул по првите четири кола во новата сезона е лидер на табелата во Премиер лигата со максимални 12 бода.
Манчестер сити е втор со 10 бода, односно три победи и еден нерешен резултат.
Лестер е трет со осум бода, додека Кристал палас е четврти со седум бода.