Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико потпиша договор со голманот Алехандро Итурбе. Договорот со 16-годишниот голман е со важност до 2024 година, јавува „Марка“.
Во договорот е предвидена висината на обештетувањето за Итурба да изнесува 36 милиони евра.
Голманот го потпиша својот прв професионален договор.
Итурба е дете на Атлетико. Тој, исто така, редовно бранеше за младинските тимови во Шпанија во различни категории.