Расмусен – Груевски: Вратите на НАТО остануваат отворени за Македонија

Ќе сториме се’ што е во наша моќ да најдеме решение за проблемот што се испречува пред поканата за Македонија за членство во НАТО, истакна премиерот Никола Груевски по денешната средба со генералниот секретар на Алијансата, Андрес фог Расмусен кој од Скопје порача дека вратите на НАТО остануваат отворени за земјава и уште една повтори дека Македонија ќе стане членка веднаш што го реши спорот за името.

Груевски истакна дека со Расмусен имаат согласност дека членството на Македонија во НАТО е заеднички интерес, но и цврста определба на земјата.

„Се согласивме дека членство преставува меѓусебен интерес и црвста определба за како за РМ така и за Алијансата. Уште еднаш ја реафирмирал определбата на земјата за што поскоро зачленување во НАТО како еден од врвните приоритети на надворешната политика на Македонија. Истакнав дека Македонија е активен партнер на Алијансата во повеќе заеднички активности и мисии, но особено придонесува во споделувањето на заедничките одговорности со земјите членки на НАТО. Македонија се покажа како стабилен партнер на НАТО во изминатите години“, рече премиерот Груевски.

Расмусен нагласи дека Македонија е ценет придонесувач за меѓународниот мир и стабилност и истакна дека Македонија не само географски, туку и историски и културно припаѓа во евроатланстското семејство. Сепак, генералниот секретар уште една го повтори ставот на Македонија ќе стане официјален сојузник по решавањето на спорот за името со Грција.

„НАТО е посветен на иднината на Западен Балкан како природен дел од евроатлантското семејство. Вашата безбедност, стабилност и иднина, нам ни е важна. Вие не сте блиску до нас само географски, туку и историски и културно, така што верувам дека припаѓате на нашето семејство на нации и со задоволство гледам на тоа да ве видам како ќе се приклучите во семејството во скоро време“

Расмусен беше прашан зошто НАТО не ја почитува одлуката на Хашкиот суд во однос зачленувањето на Македонија во меѓународни организации на што одговори дека пресудата не се однесува на НАТО, туку на билатералните односи меѓу Скопје и Атина и дека одлуките во Алијансата не ги носи една земја членка, туку сите сојузници едногално.

Груевски го информирале Расмусен и за неодамна одржаните избори во земјава и процесот на формирање нова влада.