Тензично на протестите поради брегзитот во Лондон

Тензични сцени се одигруваа во саботата во британската престолнина Лондон во текот на истовремените протести на поборниците на што поскорото излегување на Обединетот Кралство од Европската унија, односно на оние кои се противат на процесот попознат како „брегзит“.

Новинската агенција Press Association (PA Media) пренесува дека полицијата требало да ги држи раздвоени спротиставените групи демонстранти од неколку ститоци луѓе во близина на британскиот парламент.

Медиумите пишуваат и за изолирани насилни напади од страна на десничарските екстремисти од групата Football Lads Alliance (FLA) врз противниците на брегзитот и полицијата. Оваа групација претходно ги повика своите приврзаници на протестираат во поддршка на брегзитот.

Поранешната конзервативна пратеничка, инаку противничка на брегзитот, Ана Соубри, поради страв од напади од хулиганите го откажа својот планиран говор пред парламентот.

„Јас сум пратеничка, имама право да зборувам и не би смеела да се плашам, но ова е многу, многу вознемирувачки и навустина сум уплашена“, рекла Соубри за PA.

Стотици демонстранти се собрале и пред премиерската резицденција во „Даунуг Стрит 10“, барајќи оставка на Борис Џонсон. Премиерот вети дека Белика Британија ќе ја изведе од Европската унија на 31-ви декември, без оглед дали ќе постигне соодветен договор со Брисел или без него.