Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.
На регионалниот пат Пробиштип-Кратово поради појава на свлечиште, на влез во Кратово, воведена е забрана за движење на автобуси и товарни возила со тежина над 7,5 тони.
На патниот правец Радовиш – Конче има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента и е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.