Конте ја доби довербата да ја води Италија во ‘реформаторска ера’

ANSA/ALESSANDRO DI MEO

Италијанскиот премиер Џузепе Конте во понделникот доцна вечерта лесно ја доби довербата на пратениците во долниот дом на кои им вети дека ќе ја води земјата во „нова реформаторска ера“, барајќи помош од Европската унија во врска со строгите буџетски прописи и во справувањето со имиграцијата од другите континенти.

Од 606 пратеници колку што гласаа, 343 ѝ дадоа доверба на владата, 263 ѝ ја ускратија и тројца се воздржаа од гласањето, покажа официјалната пресметка на парламентарните служби. Меѓутоа, по лесното гласање во Претставничкиот дом, ситуцијата би можела да биде посложена во вторникот вечерта во Сенатот, каде што владата има помало мнозинство.

Во говорот кој траеше час и половина, премиерот Џузепе Конте, кому всушност му е продолжен мандатот на чело на новот мнозинство кое го сочинуваат досега антиестаблишмент и евроскептичното Движење пет ѕвезди (M5S) и левичарската Демократска партија (PD), го изложи „големиот политички проект“ за новата валда која би требало да ја управува Италија до 2023 година.

Побара од политичката елита и од граѓаната повеќе умереност и „повеќе воздржаност на социјалните мрежи“, а од своите министри „единство и верност“. Мандатот на претходната коалиција во која учествуваа М5S и крајната десна партија Лига на Матео Салвини, беше одбележана со кавги и секојдневни расправии.

Програмата којашто Конте го нарече „политички и општествен договор“ презема главни насоки од коалицискиот договор мешу M5S и PD и сака „да ја обнови земјата во знакот на развојот, иновациите и социјалната праведност“. Притоа во својот говор Конте беше прекинува од пратеницита на Лига и Италијански браќа со повиците „избори, избори“.

Првата задача е да поттикне раст на земјата на работ од рецесија, низ буџетот за 2020 година кој ќе може да го избегне автоматското зголемувањето на ДДВ-то „во несигурните меѓународните економски прилики“. Во таа смисла Конте оцени дека траба да се „подобри пактот за стабилноста“ на Европската унија кој бара дефиците под 3 отсто од БДП-то и задолжување помало од 60 отсто. Италија е речиси во границите на дефицитот на годишно ниво, но ја притиска долгот повеќе од 132 отсто од БДП-то. Прекрутите буџетски правила „би можеле да ги поништат големите напори вложени во поттикнувањето на потенцијалниот раст на земјата“, истакна Конте.

На европско ниво повика на „вистински заеднички проект“ и го изнесе поредлогот за „конференција за иднината на Европа“ за континентот да ја редифинира својат улога „во светот кој е среде промени“. Конте од Европа очекува и „поголема солидарност“ во врска со имиграцијата и „конкретни иницијативи“ за ова прашање на коешто Италија во иднина има намера „да му пристапи систематски“.

Конте во својата програма изнесе долга листа ветувања за сиромашниот југ на Италија, за младите во смисла на поголемо образование, за семејството – повеќе места во детските градинки и за работниците – помали социјални давачки. Притоа се обврза дека ќе ги поддржи малите и средните претпријатија и иновациите, како и дека ќе го помага биолошкото одлгедување во земјоделието и обновливите извори на енергија.