Шварцер верува дека Коуртуа ќе биде прв голман на Челзи

Резервниот голман на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Марк Шварцер, откри дека контроверзниот предводник на „сините”, Жозе Мурињо, најверојатно Тибо Коуртуа ќе го именува за прв голман, а Петр Чех за втор голман.

Коуртуа, кој е во сопственост на Челзи, но во изминатите три сезони настапува како позајмен голман во дресот на Атлетико Мадрид, пред неколку дена изјави дека може да се врати на „Стемфорд Бриџ” но под услов да не ја грее клупата за резервни фудбалери.

„Мојата иднина? Ставив крај на репрезентативната кариера, но не и на клупската. Нормално дека сакам да останам на „Стемфорд Бриџ”. Имав позитивен разговор со клупските челници и убеден сум дека е прашање само на време кога ќе постигнеме договор околу продолжувањето на соработката. Коуртуа прв голман? Можно е Мурињо да го врати во Лондон и да му гарантира статус на стандарден првотимец. И таа опција е во игра како и сите други кои се во игра”, изјави Шварцер.