![полиција](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/policija-3.jpg?resize=689%2C426&ssl=1)
Едно лице е полесно повредено откако автомобил излета од пат во близина на Трубарево.
Од МВР информираат дека несреќата е пријавена околу 3:30 часот, а истата се случила на регионалниот пат Скопје-Велес, во близина на Трубарево.
Според полициските информации, 24 годишниот скопјанец Х.К. управувајќи автомобил марка „алфа“ изгубил контрола над истиот и излетал од патот.
Во несреќата со полесни повреди се здобил сопатникот во возилото.